Од таму посочија дека по извршеното финално тестирање, ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во Општина Дебрца.

„Наскоро камерите на Безбеден град ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршуваат нивната техничка проверка и тестирања. Системот Безбеден град ќе овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и подигнување на нивото на безбедност на патиштата. Воедно, се очекува неговата примена да придонесе и за намалување на бројот на сообраќајни незгоди“, се додава во соопштението.
Се апелира до возачите доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедно да се придонесе за побезбедни патишта низ државата.
Извор:skopjeinfo.mk