http://www.iskon.mkбул. „Партизански Одреди“ бр. 62/2-29, 1000 СкопјеИскон Решенија е компанија чија основна дејност е имплементација и одржување на деловни решенија, со главен фокус во доменот на Microsoft Dynamics софтверските платформи и Office 365/Microsoft 365 алатките за продуктивност. Идејата на која се темели нашата работа е подобрување на функционирањето на компаниите кои се наши клиенти во областа на планирањето и управувањето со сопствените ресурси, релациите со купувачите и контактите, како и зголемување на продуктивноста преку дигитална трансформација.
Основните вредности на нашата компанија се силната посветеност на разбирање на потребите на клиентот, темелната анализа и креативен дизајн и беспрекорниот однос како основа за соработка на долги патеки.
Искон Решенија е директен Microsoft партнер со компетентност за продажба и имплементација на Dynamics 365 Business Central/NAV со тим кој повеќе од 10 години успешно ја гради Dynamics заедницата во регионот.More about Employer