До четврток трае јавниот повик за прием на 400 пожарникари
Актуелно

До четврток трае јавниот повик за прием на 400 пожарникари

16. 07. 2025.

Сè до четврток, заинтересираните граѓани можат да аплицираат за вработување како пожарникари во рамки на јавниот повик кој се спроведува за поддршка во борбата против шумските пожари.

Каде да се аплицира?
Апликациите се поднесуваат во локалните Центри за вработување низ државата. Кандидатите треба да пополнат формулар и да достават медицинска потврда од надлежен доктор, со која се потврдува дека немаат тешки здравствени состојби кои би го попречиле извршувањето на работата.

Што понатаму?
Избраните кандидати ќе бидат распределени во локалните територијални противпожарни единици. Дел од најуспешните, особено оние од Скопје и околината, ќе имаат можност да конкурираат и за влез во новата специјална единица за заштита и спасување, која е во подготовка.

Во Скопје, според најавите, се бараат 80 пожарникари, а надлежниот Центар за вработување е сместен во Општина Кисела Вода. Со повикот се опфатени вкупно 14 општини, а бројот на лица кои ќе бидат ангажирани варира во зависност од потребите на секоја општина.

За сите што немаат Центар за вработување во своето место, пријавувањето може да се направи и во најблискиот соседен град каде што има таков центар.

Краен рок: четврток

Извор: skopjeinfo.mk