Стопанска Банка АД Скопје – и оваа година дел од најголемиот Регионален саем за вработување!
Актуелно

Стопанска Банка АД Скопје – и оваа година дел од најголемиот Регионален саем за вработување!

14. 10. 2025.

Од 14 до 2 октомври посетете го Најголемиот регионален онлајн саем за вработување и запознајте се со можностите за кариера во Стопанска Банка!

Стопанска Банка АД – Скопје, најстарата и една од најреномираните банки во Македонија, со историја од 1944 година, оваа година е дел од Регионалниот саем за вработување.

Банката е лидер во развојот на иновативни финансиски производи и услуги за населението и правните лица и е еден од најголемите финансиски субјекти на македонскиот пазар. Со фокус на потребите на клиентите, Стопанска Банка е сигурен и доверлив партнер, поддржувајќи го нивниот раст и ефикасност.

Корпоративната култура се заснова на интегритет, професионализам и одговорност, поттикнувајќи отворена комуникација, етичко деловно однесување и соработка. Банката инвестира во мотивирана и продуктивна работна сила, посветена на постигнување високите стандарди на работа.

Како општествено одговорна компанија, Стопанска Банка активно придонесува преку различни иницијативи за развој на заедницата и заштита на животната средина.

Посетете го нивниот премиум виртуелен штанд од 14 до 21 октомври на Регионалниот саем за вработување

На саемот ќе ги претстави отворените позиции и можностите за кариера во една од најуспешните и најдоверливи банки во земјата.

Агент за грижа на корисници во дирекцијата за контакт центар и директна продажба во секторот за картични производи и директно банкарство
линк за повеќе детали и аплицирање

Сметководител - Аналитичар во секторот за сметководство
линк за повеќе детали и аплицирање

Соработник за ликвидност во секторот за средства и ликвидност
линк за повеќе детали и аплицирање

Соработник за спречување на перење пари во секторот за контрола на усогласеноста на работењето на банката со прописите
линк за повеќе детали и аплицирање

ПОСЕТЕТЕ ГО ШТАНДОТ НА СТОПАНСКА БАНКА