Во серијалот „Од светот назад во Реплек“ ви ги претставуваме автентичните приказни на луѓе кои одбрале да се вратат во Македонија и да ги вложат своите знаења и искуства во Реплек – компанија која препознава вредност во секој поединец и поддржува професионален и личен раст.
Денес ви претставуваме две различни, но еднакво инспиративни приказни – на Ива Китанов, координаторка во Одделот за истражување и развој, и на Александар Ангелески, техничар во инженеринг. Тие со нас споделија што значи да се живее и работи надвор – и зошто сепак одбрале да се вратат.
Ива Китанов, 27 години – координатор во Одделот за развој и истражување

„Во 2018 година како студентка на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје заминав на Work and Travel програма во САД – три месеци работа и еден месец патување. Иако работата што ја извршував таму немаше поврзаност со мојата струка, искуството ми помогна многу. Стекнав нови пријателства, го подобрив англискиот, научив што значи да менаџираш сам со сопствените пари и време, и уште поважно – да функционираш сам, далеку од домот.“
Недостасувањето на семејството и пријателите било најголемиот предизвик, но таа го исполнила секој ден со работа и нови искуства. Вели дека токму тоа ѝ помогнало да созрее и да се врати дома со јасна цел – да се вработи во компанија која ќе ѝ понуди можност за професионален развој.
„Начинот на работа таму е многу поразличен од тука, но сепак не би можела да споредам на професионално ниво бидејќи мене Реплек ми е прво работно искуство каде работам како дипломиран технолог.
На крајот Ива заклучува; Денес сум благодарна што сум токму тука, каде што секој ден учам, напредувам и придонесувам со своето знаење.
Александар Ангелески, 44 години – техничар во инженеринг одделот
„Во 2001 година заминав во странство, со надеж за подостоинствен живот. Останав пет години, работејќи во сосема поинакво општество каде што учиш да ги следиш правилата, но и да го изразиш своето мислење слободно и со самодоверба. Најмногу ми недостасуваа семејството и пријателите, но искуството ме промени длабоко – станав посамостоен и посигурен во сопствените одлуки.“
Алексадар вели дека одлуката за враќање не дошла преку ноќ, но желбата за нови предизвици и личен раст во својата земја била пресудна. Денес се соочува со предизвици од различен тип – нефункционалности на системот и општеството – но не дозволува тие да го обесхрабрат.
„Ги превземам работите во свои раце, затоа што верувам дека промена почнува од секој поединец надвор од општо прифатеното мислење кај нас дека "некој друг ни е крив"
Она пак што го привлекло во Реплек била визијата за иднината – Ентузијазмот со кој ми беше претставена компанијата. Тоа беше доволно да ми покаже дека и тука има простор за личен и професионален напредок. - заклучува Александар
А во однос на Пазарот на труд во земјава Александар е реален: „Има уште многу работа за пазарот на трудот да го достигне нивото што ке обезбеди достоинствен живот и награда според прикажаните резултати“.
Што ги обединува овие две приказни?
И Ива и Александар заминале во странство од различни причини и со различни очекувања – едната како студентка во потрага по искуство, другиот во потрага по подобра перспектива. Но, по враќањето – и двајцата избраа ист пат: Реплек.
Тие се дел од генерацијата што одлучува да остане и да создава. Да гради кариера, да менува работи одвнатре и да придонесува за подобро општество. Нивните приказни се доказ дека дома не е само место – дома е одлука да се остане, да се вложи, да се верува.
Доколку и вие сакате да ја започнете вашата кариера во Реплек, имаме две отворени работни позиции:
Медицинско комерцијален претставник
линк за повеќе детали и аплицирање
Оператор во оддел производство
линк за повеќе детали и аплицирање
