Во Сараево имало во просек 30,8 ПМ 2.5 честици, додека во Скопје таа бројка била 21,6. По Скопје следуваат Белград 17,9 и Подгорица со 16,8.
Букурешт бил најзагаден главен град од членките од Европската унија, а после него следува Љубљана. На листата меѓу 10-те најзагадени градови влегуваат и Никозија, Кипар, потоа Кишињев Молдавија, главниот град на Албанија Тирана, и Приштина во Косово како 10-ти на листата по загаден воздух.
Податоците покажуваат дека на Балканот е најкритично за квалитетот на воздухот, со оглед дека меѓу водечките влегува и хрватскиот главен град Загреб, како 11-ти на листата.
Извор: mk.tv21.tv
