Сакаме 8 дена повеќе одмор: Македонија на дното по годишни одмори во регионот
Актуелно

Сакаме 8 дена повеќе одмор: Македонија на дното по годишни одмори во регионот

22. 07. 2025.

Македонските вработени во просек користат 20,3 дена одмор годишно, што е значително помалку од Хрватите (25 дена) и нешто под просекот на Босанците (21 ден). Но, она што загрижува повеќе е дека граѓаните на Македонија посакуваат дури 28,6 дена одмор, што претставува најголем јаз од сите земји – 8,3 дена повеќе од реалноста.

? Просечниот годишен одмор во Македонија е само 20 дена
? 87% од вработените очекуваат регрес – најмногу во регионот
? Разлика од 8 дена меѓу тоа што го имаме и што го посакуваме

Иако се наоѓаме во регион каде културата на одмор и „регресот“ се длабоко вкоренети, вработените во Македонија имаат најмалку денови годишен одмор споредено со соседите, покажува најновото регионално истражување.

Најмалку одмор, но најголема потреба

Македонските вработени во просек користат 20,3 дена одмор годишно, што е значително помалку од Хрватите (25 дена) и нешто под просекот на Босанците (21 ден). Но, она што загрижува повеќе е дека граѓаните на Македонија посакуваат дури 28,6 дена одмор, што претставува најголем јаз од сите земји – 8,3 дена повеќе од реалноста.

„Ова покажува дека иако формално сме во слични работни услови со регионот, перцепцијата на вработените е дека не одмораат доволно. Тоа влијае и на продуктивноста и на задоволството на работа“, велат истражувачите.

Во Србија пак, минимум е 20 дена законски, но реално многу компании нудат до 25‑28 дена одмор годишно,во Словенија, исто законски минимум е 20 дена, но во пракса работниците најчесто добиваат околу 25-28 дена или повеќе, особено ако имаат дополнителна квалификација или деца.

K-15 – надеж и реалност

Македонците се најоптимистични кога станува збор за регресот или популарниот К-15 – дури 87% од испитаниците очекуваат исплата, за разлика од 55% во Хрватска и 44% во Босна и Херцеговина. Најчесто очекуваниот износ во Македонија е до 250 евра, а позитивно е тоа што регрес исплаќаат скоро сите компании, без разлика на големината или сопственоста.

Во регионот, државните институции и големите компании најчесто исплаќаат регрес. Меѓу приватните, странските фирми се попредвидливи од домашните, но Македонија се издвојува по широкиот опфат на регрес дури и кај малите фирми.

Што мислат луѓето?

Интересен е и ставот на македонските вработени – 23% сметаат дека преголем број слободни денови може да ја намали продуктивноста, што е највисок процент во споредба со регионот. Во Босна само 7% размислуваат така, а во Хрватска 12%.

„Иако сакаме повеќе одмор, кај нас постои силна работна етика и свесност за одговорностите – што се гледа од резултатите“, се наведува во извештајот.


 Кратка споредба:

Земја Просечен одмор Посакуван одмор Разлика
Македонија 20,3 дена 28,6 дена +8,3 дена
Хрватска 25 дена 31,1 дена +6,1 дена
БиХ 21,1 ден 28,1 ден +7 дена

 Заклучок:

Македонските работници очекуваат фер третман – повеќе одмор и стабилна исплата на регрес. Во споредба со соседите, се издвојуваме по најголема желба за повеќе слободни денови и најголема доверба дека регресот ќе биде исплатен. Прашањето е: ќе ги следат ли работодавците овие очекувања?