Становите стануваат неизбежна „инвестиција“ – масовно се купува имот
Актуелно

Становите стануваат неизбежна „инвестиција“ – масовно се купува имот

11. 04. 2025.

Продолжува трендот на раст на вредноста на средствата вложени на пазарот на недвижнини. Сумираните податоци за минатата година покажуваат дека нашите сограѓани лани во купување и продавање на станови, куќи, градежни или земјоделски парцели вложиле над 1 милијарда евра.

Податоците на Агенцијата за катастар на недвижнини за 2024 година покажуваат дека во текот на целата измината година во базата на Регистарот на цени и закупнини биле внесени 31.029 трансакции, а тука влегува вкупниот број на купопродажби и вкупниот број на закупи.

Притоа најголем дел се купопродажби на недвижнини, при што минатата година биле истргувани вкупно 22.548 недвижнини, додека останатите 8.481 регистрации се закуп на недвижен имот.

Бројките покажуваат дека има благ пад кај вкупниот број на регистрации во текот на минатата година во споредба со 2023 година. Имено, во базата на Регистарот на цени и закупнини во 2023 година биле внесени 32.971 трансакција, од кои 23.545 купопродажби на недвижности и 9.426 закупи на недвижен имот. 

Но, од друга страна, вредноста на тргуваните имоти е зголемена.

Па така во текот на 2024 година во купопродажбата на имотите биле инвестирани 1,007 милиони евра, односно над 1 милијарда евра.

Година претходно, или во текот на 2023 година, иако било тргувано со поголем број имоти, биле свртени 910 милиони евра. 

Минатата година најмногу купопродажби се регистрирани во ноември, и тоа вкупно 2.252, додека во мај се регистрирани најмалку купопродажби, и тоа 1.541.

Целата вест прочитајте ја на: faktor.mk