Добра вест за патниците: Скопје добива директна линија до Дубаи
Актуелно

Добра вест за патниците: Скопје добива директна линија до Дубаи

25. 09. 2026.

Од март 2027 година се најавува нова директна авионска линија меѓу Скопје и Дубаи.

Линијата ќе ја оперира flydubai, а воведувањето на директното поврзување се очекува со почетокот на новата сезона на летање.

Се очекува линијата да придонесе за полесно патување, развој на туризмот и поголема деловна поврзаност со Обединетите Арапски Емирати.

Во меѓувреме се разгледува и можноста за директна линија од Охрид до ОАЕ, при што како опции се споменуваат Абу Даби и Шарџа.