Април со прв „мини-одмор“ во 2026: Велигден носи четири неработни дена
Актуелно

Април со прв „мини-одмор“ во 2026: Велигден носи четири неработни дена

24. 03. 2026.

Дел од граѓаните годинава ќе имаат можност за продолжен празничен одмор за Велигден, кој во 2026 година се паѓа на 12 април.

Според календарот, за православните верници неработен е и Велики петок (10 април), додека за сите граѓани неработен ден е понеделник, 13 април, како втор ден Велигден. Со тоа, заедно со сабота и недела, се добива четиридневен празничен викенд.

Календарот за 2026 година покажува и повеќе поволно распоредени празници, што отвора можност за дополнителни продолжени викенди. За сите граѓани неработни денови се: 1 јануари, 7 јануари, 20 март, 13 април, 1 мај, 25 мај (пренесен ден поради 24 мај), 3 август (пренесен ден за Илинден), 8 септември, 12 октомври (пренесен ден за 11 Октомври) и 23 октомври.

Покрај овие датуми, за верските заедници важат и дополнителни неработни денови. За православните, освен Велики петок и Велигден, важен е и понеделникот по празникот, додека кај католиците вториот ден на Велигден паѓа на 6 април. За муслиманските верници неработни се 20 март за Рамазан Бајрам и 27 мај за Курбан Бајрам.

Велигден традиционално останува првиот поголем пролетен одмор за граѓаните – период што многумина го користат за патување, семејни собири или краток одмор од секојдневието.

Април, според календарот, носи едно од најдолгите празнични спојувања во текот на годината.

Извор: faktor.mk