Урбан Хостел и Апартмани, компанија со долгогодишно искуство во областа на сместување и угостителство, има потреба од нов член на тимот за работната позиција:
Рецепционер/ка
Потребни квалификации:
* ССС или ВСС;
* Одлични комуникациски вештини и професионален однос кон гостите;
* Љубезност, одговорност и тимски дух;
* Активно познавање на англиски јазик;
* Работно познавање на компјутери;
* Познавање на дополнителен странски јазик ќе се смета за предност.
Работни задачи:
* Пречекување и пријавување на гости;
* Комуникација со домашни и странски гости;
* Одговарање на телефонски повици, е-пошта и пораки од гости;
* Координација на резервации и сместување;
* Давање информации и поддршка за време на престојот на гостите;
* Координација со останатите членови на тимот со цел обезбедување високо ниво на услуга;
* Извршување на административни задачи поврзани со работењето.