Интернационална компанија Фреш - Лине има потреба од личност за позицијата:
Овластен СМЕТКОВОДИТЕЛ
ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ:
• Водење на сметководствени активности и усогласување со законските прописи.
• Подготовка на финансиски извештаи и следење на буџетите.
• Евиденција на дневните финансиски трансакции.
• Проверка и обработка на финансиските документи
• Комуникација со банки и даночни органи.
• Анализа на финансиските податоци за поддршка на управувањето.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
• Високо образование од областа на економија, сметководство или финансии.
• Искуство во финансии или сметководство.
• Познавање на финансиските регулативи и стандарди.
• Способност за аналитичко размислување и точност во работењето.
• Одлично познавање на MS Office пакетот и сметководствени софтвери
• Познавање на англиски јазик
ШТО НУДИМЕ:
• Конкурентна плата и можност за професионален раст.
• Работа во динамична и мотивирачка средина.
• Континуирана обука и поддршка за усовршување.
• Можност за патување во странство
• Флексибилно работно време
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ:
Доколку сте заинтересирани, испратете CV и мотивациско писмо на e-mail: office@unnix.com.mk најдоцна до 10.03.2025.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани за интервју.