Надлежните апелираат до граѓаните и сопствениците на возила навремено да ги отстранат и да не ги паркираат своите автомобили долж оваа делница за да се овозможи непречено одвивање на градежните работи.
Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја почитуваат поставената сигнализација и до завршување на реконструкцијата да ги користат споредните и алтернативните сообраќајници.
