ТИТАН Усје на Регионалниот саем за вработување: Биди дел од тимот што гради подобра иднина
Актуелно

ТИТАН Усје на Регионалниот саем за вработување: Биди дел од тимот што гради подобра иднина

16. 10. 2025.

ТИТАН Усје АД Скопје, дел од TITAN Cement Group, оваа година се приклучува на Регионалниот саем за вработување со јасна порака – „Градиме за општеството, за планетата, за иднината.“

Веќе седум децении, ТИТАН Усје е симбол на доверба, квалитет и напредок во Македонија. Како лидер во производството на цемент, бетон и агрегати, компанијата не само што создава трајни градежни решенија, туку и гради вредности, знаење и можности за развој.

Во фокусот на работењето стојат луѓето и одржливоста – принципи кои се вградени во секој аспект од нивната корпоративна култура. ТИТАН Усје активно инвестира во зелени технологии, паметни решенија и иницијативи за позитивна општествена промена, следејќи ги Целите за одржлив развој на Обединетите Нации.

На саемот, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со корпоративната култура на ТИТАН Усје, да дознаат повеќе за актуелните отворени позиции, како и да откријат кои вредности и можности го прават оваа компанија посакуван работодавач.

Ако си подготвен да напредуваш, да создаваш и да оставиш белег во индустрија што ја обликува иднината – посети го штандот на ТИТАН Усје на Регионалниот саем за вработување.

Изгради ја својата иднина со ТИТАН Усје! Погледнете ги огласите:

Production Engineer
линк за повеќе детали и аплицирање

Помошници во производство
линк за повеќе детали и аплицирање

Сениор Сметководител
линк за повеќе детали и аплицирање

Вработување во Титан Усје
линк за повеќе детали и аплицирање

Оператор на кранови
линк за повеќе детали и аплицирање

Инспектор за машинско одржување
линк за повеќе детали и аплицирање

Практикантска работа во сектор за безбедност и здравје при работа
линк за повеќе детали и аплицирање