Во завршна фаза е една од најголемите набавки во јавниот транспорт во земјава – 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење, откако по спроведената евалуација како најповолен понудувач е избрана заедничката понуда на унгарската Ikarus и австриската EVN.
Според условите од набавката, Ikarus ќе ги испорачува автобусите, додека EVN ќе ја обезбеди инфраструктурата за полнење.
Автобусите треба да имаат капацитет од најмалку 66 патници, моќност од 300 kW, како и целосно автоматизиран систем за ладење и греење.
Испораката е планирана во три фази во рок од 18 месеци, а избраниот оператор има обврска за 10-годишно одржување, сервис и обезбедување резервни делови.
Овој проект отвора можности не само за модернизација на јавниот превоз, туку и за нови потреби од технички кадар, сервисни тимови и експерти за електромобилност.
Оваа е најниската понудена цена од 19 милиони 350 илјади денари или околу 314 илјади евра по автобус што е исклучително конкурентна цена на пазарот на електрични автобуси.
