Најави за силен северен ветер - Не паркирајте под дрвја!
Актуелно

Најави за силен северен ветер - Не паркирајте под дрвја!

18. 02. 2026.

По најавата од УХМР, денес се очекува да дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено претпладне, поради што од ЈП „Паркови и зеленило“ ги информираат граѓаните да не ги паркираат возилата под дрвјата, со цел да се избегнат несакани последици.

- Доколку забележите паднато дрво ве молиме да пријавите во ЦУК на тел.112, или на дежурните телефони објавени на веб страната на претпријатието, информираат надлежните. 

Извор: skopjeinfo.mk