Народна банка ќе ги зголемува каматните стапки?
Актуелно

Народна банка ќе ги зголемува каматните стапки?

06. 05. 2026.

Народна банка подготвува нови, нагорни проекции за инфлацијата, а надолни за економскиот раст, објави Сител.

Централната банка ќе ги презентира проекциите неделава. .Иако за сега ќе ја задржи референтната камата на исто ниво од 4 отсто, ако инфлацијата е повисока – ќе следи нејзино зголемување, заклучил Извршниот одбор на банката.

Во моментов, трошоците за живот се повисоки од проектираните и заедно со повисоките увозните цени, создава нагорни ризици за досегашната проекција од 2,5 отсто, се наведува во соопштението на банката. Се очекуваат и повисоки берзански цени на енергенсите и храната во следниот период, што упатува на зголемени ризици и потреба од внимателност, наведува Централната банка.

По стабилизација на инфлацијата од почетокот на годината, војната на Блискиот Исток ја подгреа во март. Статистиката измери 4,9 отсто, додека владините проекции за оваа година изнесуваа 2,5 отсто со економски раст од 3,8 проценти.. 

Извор:faktor.mk