Кој грчки остров е најевтин за одмор?
Актуелно

Кој грчки остров е најевтин за одмор?

22. 05. 2025.

Малку познатиот грчки остров Калимнос нуди сè што еден турист би можел да посака по најпристапни цени, пишува порталот Daljine.rs.

Беше прогласен за најевтина дестинација во Европа врз основа на анализа на аранжманите за одмор. Се наоѓа во Егејското Море, и е познат по својата богата поморска традиција, особено за ловот и трговијата со морски сунѓери. Главен град и пристаниште на островот е Потија. Островот има прекрасни песочни плажи, кристално чисто море и привлечни карпи што го прават популарен меѓу алпинистите од целиот свет. Калимнос е познат и по својата автентична грчка атмосфера, вкусната кујна и гостопримството на локалното население.

Најевтиниот грчки остров ако купите пакет аранжман
Во истражувањето на Which? која анализирала повеќе од 4.500 пакет-аранжмани во шпицот на сезоната, односно за првата недела од август, дошла до заклучок дека на островот Калимнос патниците можат да ги најдат најдобрите понуди и најевтините одмори. Всушност, студијата покажа дека просечната цена на целиот пакет аранжман од седум ноќевања била 847 фунти по лице, што е околу 1.000 евра.

„Малиот остров е Грција каква што ја замислувате – со затскриени заливи, сафирно море, сурови планини и шармантни градови“, велат од компанијата Which? до списанието „Мирор“ и додаде: „Главниот град Потија е одморалиштето со најконкурентни цени на островот – со најевтин пакет што чини 794 фунти по лице (950 евра). Со својата прекрасна мешавина од варосани и светло обоени куќи со поглед на Егејското Море, градот и околината нудат многу за да ги зафатат туристите – од музеи на отворено до оние кои бараат релаксација на отворено и кино. Најпопуларното одморалиште на островот, Масури, чини просечно 856 фунти за престој од една недела (околу 1.000 евра).“

Извор: biznisinfo.mk