По завршувањето на електронската апликација, кандидатите ќе треба на 24 јуни да ја достават потребната документација во училиштата. Ранг-листите со резултатите од уписот ќе бидат објавени на 25 јуни до 12 часот, во училиштата и на нивните e-страници. Ако во одредени училишта има кандидати со ист број бодови, квалификациското тестирање ќе се одржи на 29 јуни, кога ќе бидат објавени и конечните ранг-листи.
За второто пријавување има вкупно 11.882 слободни места. Од нив, 7.404 се за настава на македонски јазик, 4.002 за настава на албански, 456 за турски и 20 за српски јазик.
Во првото пријавување, според МОН, електронски аплицирале 15.075 ученици, а биле запишани 13.397, остануваат слободни вкупно 11.882 места.
Извор:faktor.mk
