Според податоците, директорите бележат реален раст на платите од 11 отсто, додека просечните плати на работниците глобално се зголемиле за само 0,5 отсто. Тоа значи дека платите на најплатените директори растеле 20 пати побрзо од платите на работниците.
Во САД, јазот е уште поизразен. Платите на директорите таму растеле 20,4 пати побрзо од оние на работниците. Анализата на 384 директори на компании вклучени во индексот S&P 500 покажува дека нивните примања пораснале за 25,6 отсто во периодот од 2024 до 2025 година, додека просечната саатница во приватниот сектор пораснала за само 1,3 отсто.
Истражувањето опфатило 1.500 корпорации од 33 земји. Во просек, еден директор во 2025 година заработил 8,4 милиони долари (плата и бонуси), наспроти 7,6 милиони долари во 2024 година. За споредба, на просечен работник би му биле потребни околу 490 години за да ја достигне таа сума.
Во исто време, реалните плати на работниците глобално се намалиле за 12 отсто од 2019 година, додека платите на директорите пораснале за 54 отсто – од 5,5 милиони долари во 2019 година на 8,4 милиони долари во 2025 година.
Анализата покажува и дека околу 1.000 милијардери во 2025 година добиле 79 милијарди долари дивиденди, што е еквивалентно на 2.500 долари во секунда. Просечен милијардер заработил од дивиденди за помалку од два часа повеќе отколку што просечен работник заработува за цела година.
Меѓу најголемите исплати се издвојуваат Бернар Арно, сопственик на LVMH, со 3,8 милијарди долари и Амансио Ортега, сопственик на Inditex (Zara), со 3,7 милијарди долари.
- - Владите мора да ги ограничат платите на директорите, да ги оданочат праведно најбогатите и да обезбедат минималните плати да овозможуваат достоинствен живот – изјави извршната директорка на Oxfam, Амитаб Бехар.
Извор:faktor.mk
