Еден билет за цело Скопје? Интегрираниот превоз најавен до средината на следната година
Актуелно

Еден билет за цело Скопје? Интегрираниот превоз најавен до средината на следната година

21. 09. 2026.

Град Скопје и Министерството за транспорт планираат воведување интегриран билет за јавниот превоз, со кој граѓаните би можеле да комбинираат различни превозни средства со една платена карта.

Тоа би значело дека патниците ќе можат да преседаат од еден вид превоз на друг без повторно да плаќаат, во рамките на едно патување.

Системот се очекува да биде подготвен до средината на следната година, со цел поедноставно патување и помали трошоци за граѓаните.