Први на ред за исплата се пензионерите, корисниците на парична социјална помош и граѓаните кои имаат право на средства преку Акционерскиот фонд. За овие категории не била потребна посебна пријава – парите ќе им бидат исплатени автоматски.
За останатите полнолетни граѓани кои се пријавиле преку порталот на Управата за трезор, исплатата ќе започне во среда, 23 септември, и ќе трае најдоцна до петок, 25 септември.
Речиси 1,7 милиони граѓани се пријавиле
Според последните објавени податоци, за еднократната помош се пријавиле околу 1.696.000 граѓани. Дополнително, речиси три милиони лица го провериле својот статус во Акционерскиот фонд.
На граѓаните кои немаат соодветна банкарска сметка ќе им биде отворена посебна наменска сметка во Банка Поштенска штедилница, без трошоци за отворање и одржување.
Еднократната исплата е дел од поширокиот пакет финансиска поддршка за граѓаните во Србија, чија вкупна вредност е наведена на 980,6 милиони евра.
