Август носи два продолжени викенди: Еве кои неработни денови нè очекуваат до крајот на годината
Актуелно

Август носи два продолжени викенди: Еве кои неработни денови нè очекуваат до крајот на годината

25. 07. 2026.

Август ќе им донесе дополнителен одмор на граѓаните, бидејќи во текот на месецот има два продолжени викенди. Првиот е по повод Денот на Републиката – Илинден. Бидејќи 2 август годинава се паѓа во недела, согласно Законот за празниците, неработен ден ќе биде понеделник, 3 август.

Вториот продолжен викенд следува кон крајот на месецот. За граѓаните од православна вероисповед, празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) се одбележува на 28 август, кој годинава се паѓа во петок.

По август, следниот државен празник за сите граѓани е Денот на независноста – 8 Септември, кој оваа година се паѓа во вторник.

До крајот на 2026 година, ова се преостанатите неработни денови:

За сите граѓани:

  • 8 септември (вторник) – Ден на независноста;
  • 12 октомври (понеделник) – неработен ден поради тоа што 11 Октомври (Ден на народното востание) се паѓа во недела;
  • 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба;
  • 8 декември (вторник) – „Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од православна вероисповед:

  • 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед:

  • 25 декември (петок) – првиот ден на Божик.
    (Празникот на сите светци – 1 ноември, годинава се паѓа во недела.)

За граѓаните припадници на албанската заедница:

  • 22 ноември (недела) – Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на еврејската заедница:

  • 21 септември (понеделник) – Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница:

  • 28 септември (понеделник) – Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница:

  • 21 декември (понеделник) – Ден на настава на турски јазик.

Оние што планираат кратко патување или неколку слободни денови, токму август е месецот што нуди најмногу можности за одмор, благодарение на двата продолжени викенди.