Температури до 29 степени, од петок доаѓа дожд
Актуелно

Температури до 29 степени, од петок доаѓа дожд

06. 10. 2026.

Утрото ќе донесе ниски температури, но во текот на денот нè очекува сончево и релативно топло време. Сепак, стабилните временски услови нема долго да се задржат – од петок се зголемуваат условите за врнежи од дожд.

Утринските часови ќе бидат ведри и студени, со минимални температури од -3 до 6 степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево време, а температурите значително ќе пораснат и ќе се движат од 22 до 29 степени. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Во Скопје се очекува сончево и релативно топло време со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до околу 3 степени, додека дневната ќе достигне 26 степени.

Од петок промена на времето

Во четврток ќе продолжи сончевото и релативно топло време, но во текот на денот ќе има и променлива облачност.

Промена се очекува од петок. Времето ќе стане променливо облачно, а ќе има и услови за врнежи од дожд.

Слични временски услови се очекуваат и во текот на викендот, кога облачноста ќе биде зголемена и на повеќе места ќе постојат услови за дожд.