На граничниот премин Богородица се чека и до 2,5 часа. Најголем дел од возилата носат српски таблички, но има и голем број од Косово и Албанија. Обично од 10 август се очекува нова смена туристи, што веројатно да влијае на протокот на возила.
На Дојран чекањето е до 30 минути а на Табновце оди и до еден час.
За иазлез пак од Грција задржувањето не епоголемо од 15 до 30 мин
Во меѓувреме, цените на производите во грчките супермаркети забележуваат зголемување од 1,84 отсто во јули годинава во споредба со истиот месец лани. Најголем пораст е забележан кај свежото месо, чија цена пораснала за 9,63 проценти, додека најголемо намалување има кај детергентите и средствата за чистење.
Покрај месото, цените на бисквитите, чоколадите и слатките се зголемиле за 9,39 проценти, додека производите за појадок поскапеле за 8,40 проценти. Цените на овошјето, зеленчукот, свежата риба и морските плодови се зголемиле меѓу 4,5 и 5,3 проценти.
Информациите од терен пак велат дека рестораните се се попразни а маркетите се пополни. Туристите јадат во апартманите а избегнуваат ресторани зошто се скапи
