Западнонилската треска во Македонија: Зошто мажите се во поголем ризик?
Актуелно

Западнонилската треска во Македонија: Зошто мажите се во поголем ризик?

04. 09. 2026.

Западнонилската треска ја однесе седмата жртва во Македонија, 69-годишен маж од Гази Баба со повеќе хронични заболувања. Сите седум починати досега се мажи постари од 60 години.

Во земјава се регистрирани 50 случаи, од кои 39 кај мажи и 11 кај жени. Кај 49 пациенти се развила тешка, невроинвазивна форма на болеста.

Сличен тренд е забележан и во странство. Американски истражувања покажуваат дека мажите почесто развиваат тешка форма, но научниците сè уште немаат конечен одговор зошто. Како можни фактори се наведуваат возраста, хроничните заболувања, изложеноста на комарци и имунолошките разлики.

Најголем ризик за тешко заболување имаат лицата над 60 години и оние со ослабен имунитет или хронични заболувања. Здравствените власти препорачуваат заштита од комарци и отстранување на застоена вода.