Подгответе се за чекање во понеделник наутро! Штрајк на цариниците на „Дојрани“, „Евзони“ и „Ники“
Актуелно

Подгответе се за чекање во понеделник наутро! Штрајк на цариниците на „Дојрани“, „Евзони“ и „Ники“

24. 07. 2026.

Во понеделник наутро подобро е да не тргнувате кон соседна Грција, ќе има штрајк на грчките царински службеници на граничните премини. Или да се подготвите за застој во сообраќајот и чекање.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија). Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција, информираа од македонската полиција. 

Од страна на МВР ќе се преземат сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети, додаваат од полицијата. 

Извор: skopjeinfo.mk