Младите во Македонија првпат пробуваат цигари уште на 9-годишна возраст, а со алкохол се среќаваат околу 13 години, покажува извештајот на Европскиот проект за истражување во училиштата (ЕСПАД) за 2024 година.
Министерката за образование Весна Јаневска истакна дека постојните механизми за превенција мора да се прилагодуваат на новите трендови, особено поради зголемената употреба на електронски цигари. Таа посочи дека здравствените теми се дел од наставата, а од оваа учебна година е воведен и изборниот предмет „Учам за моето здравје“.
Истражувањето опфати 2.831 ученик од 96 средни училишта во земјава.
