Кога е следниот продолжен викенд?
Актуелно

Кога е следниот продолжен викенд?

11. 08. 2025.

28 Август се паѓа во четврток

 До крајот на месецот следува уште еден неработен ден – 28 август (четврток), кога се одбележува празникот Успение на Пресвета Богородица. Овој ден е неработен, но само за граѓаните од православна вероисповед.

Наредниот државен празник носи и продолжен викенд. На 8 септември 2025 година (понеделник), се одбележува Денот на независноста и тој е неработен за сите граѓани на Република Македонија.

За сите граѓани на РСМ:

  • 8 септември (понеделник), Ден на независноста
  • 11 октомври (сабота), Ден на народното востание
  • 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед:

  • 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед:

  • 1 ноември (петок), Празникот на сите светци
  • 25 декември (четврток), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ:

  • 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ:

  • 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ:

  • 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ:

  • 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик