Скопската пицерија „Matto Napoletano“ во трка за најдобра пицерија во светот: Еве како да гласате за неа
Актуелно

Скопската пицерија „Matto Napoletano“ во трка за најдобра пицерија во светот: Еве како да гласате за неа

26. 11. 2026.

Скопската пицерија „Matto Napoletano“ е македонскиот претставник во престижниот меѓународен избор „Best Pizzeria AVPN 2026“, а граѓаните имаат можност со својот глас да ѝ помогнат да се пласира меѓу десетте најдобри пицерии во натпреварот.

Изборот го организира италијанската асоцијација „Associazione Verace Pizza Napoletana“ (AVPN), која е посветена на зачувување на традицијата и автентичниот начин на подготовка на неаполската пица.

Во натпреварот учествуваат сертифицирани пицерии од целиот свет, а самото учество претставува значајно признание за македонската пицерија.

Гласањето трае до утре – еве како да ја поддржите македонската пицерија

Гласањето започна на 16 ноември и трае до 27 ноември, до 11 часот.

Постапката за гласање е едноставна:

1. Отворете ја официјалната страница за гласање.

2. Во полето „Plaque number“ внесете го бројот 1234, кој е доделен на „Matto Napoletano“.

3. Пополнете ги потребните податоци и завршете го гласањето според упатствата на страницата.

Линкот за гласање е достапен и на официјалните профили на пицеријата на социјалните мрежи.

Победникот ќе биде прогласен во Италија

Меѓународниот избор се одвива во две фази. Во првата одлучува јавноста, а десетте пицерии со најголем број гласови ќе се пласираат во следниот круг, во кој оценувањето ќе го преземат професионалци од индустријата.

Трите најдобро пласирани пицерии ќе бидат објавени на 16 декември, додека победникот официјално ќе биде прогласен на меѓународниот саем „Sigep World“ во Римини, Италија, во 2027 година.

Од „Matto Napoletano“ изразуваат благодарност за досегашната поддршка и ги повикуваат граѓаните да помогнат Македонија да се најде меѓу најдобрите на светската гастрономска сцена.

Со само неколку клика можете да придонесете македонската пицерија да направи уште еден чекор кон светската титула.