Мисијата на Support and Solutions Center MK е да обезбеди најдобра можна поддршка и решенија за своите партнери, додека во исто време создава позитивна и мотивирачка работна средина за своите вработени. Како глобална компанија со дистрибуирани тимови, таа нуди модерни канцеларии, современа опрема и разновидни бенефиции, со цел секој член на тимот да се чувствува целосно поврзан со културата, вредностите и процесите на компанијата. Од своето основање во 2016 година, Support and Solutions Center MK успеа да оствари присуство во повеќе од 40 земји ширум светот.
Компанијата бележи забележителен раст – од почетните 50 вработени во 2016 година до денеска каде што брои повеќе од 300 членови на тимот, со континуирано зголемување на бројот на вработени.
Отворена позиција: Customer Service Operator
Support and Solutions Center MK во моментов бара мотивирани кандидати за позицијата Customer Service Operator.
Ова е одлична можност за сите кои сакаат да работат во динамична, интернационална компанија, каде што ќе имаат можност да развиваат комуникациски и професионални вештини, со работа со клиенти од различни индустрии.
Аплицирајте веднаш на следниот линк и станете дел од тим кој вреднува професионалност, иницијатива и креативност:
Аплицирај тука
Support and Solutions Center MK е компанија која инвестира во своите вработени и создава услови за професионален развој и долгорочна кариера.
