Од денеска се подобрува времето, утре вистинска пролет!
Актуелно

Од денеска се подобрува времето, утре вистинска пролет!

04. 04. 2026.

Во Македонија денеска ќе биде променливо облачна со сончеви периоди, повремен локален дожд и услови за ретки грмежи, особено во источниот регион. Ќе дува умерен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи од 7 до 18 степени.

Во Скопје и околината, ќе биде променливо облачна, со умерен до засилен северен ветер. Нема најава за врнежи, а максималната дневна температура ќе се искачи до 15 степени.

За утре пак, синоптичарите најавауваат постабилно, сончево и топло време со максимлана температура до 22 степени.

Извор: prvaskopska.mk