Во хрватската престолнина ќе остане само продажната мрежа, додека повеќето од приближно стоте работници во фабриката на Хромос во Житњак ќе ги изгубат своите работни места, пишува хрватски индекс.
Оваа одлука ја прекинува традицијата започната во 1920 година.
Хромос беше најголемиот производител на бои, лакови, пластика и смоли во поранешна Југославија, а во средината на 1980-тите вработуваше околу 4.500 луѓе.
