Од следната недела автобусите на ЈСП Скопје ќе возат по нов возен ред
Актуелно

Од следната недела автобусите на ЈСП Скопје ќе возат по нов возен ред

27. 08. 2026.

Од 1 септември 2026 година, ЈСП Скопје ќе започне со примена на зимскиот возен ред во јавниот градски превоз.

Од ЈСП Скопје ги повикуваат корисниците навреме да ги проверат возните редови на линиите што ги користат, со оглед на тоа што од следната недела ќе има промени во распоредот на автобусите.

Актуелните возни редови за сите линии може да се проверат на официјалната интернет-страница на ЈСП Скопје.

Од претпријатието им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и соработката.