Од близу 70 илјади компании десет отсто се од преработувачката индустрија, а во овој сектор има и најмногу вработени лица, близу 120 илјади. Според извештајот на Државниот завод за статистика најмногу фирми се регистрирани во дејноста трговија на големо и мало, а високо котираат и стручните дејности. Градежништвото е сектор кој вработува нешто над 30 илјади лица а во Македонија има 5894 градежни компании. За транспрот и складирење се регистрирани 5 600 фирми во кои работат нешто над 30 илјади граѓани.
„Во 2023 година, 68 150 пазарноориентирани деловни субјекти реализирале промет од 2 090 624 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 445 895 милиони денари. Најголем промет од 39.1 % реализирале деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало и Преработувачката индустрија од 25.7 %. Најголемо учество во вкупната додадена вредност има Преработувачката индустрија со 26.0 %, а потоа следат Трговија на големо и на мало со 20.8 %, Информации и комуникации со 9.1 % и Градежништво со 8.7 %.“ стои во извештајот на ДЗС.
Според податоците до кои дојде порталот Денар, во првите три месеци од годинава биле затворени околу 1.000 компании, додека истовремено биле отворени речиси 2.000 нови фирми.
Најголем дел од затворените компании доаѓаат од секторите трговија на големо и мало, како и преработувачката индустрија, кои очигледно се најпогодени во овој период.
Извор: denar.mk
