Мерката има за цел да ги намали социјалните разлики меѓу учениците, да го олесни финансискиот товар за семејствата и да создаде поправедна и побезбедна училишна средина.
Од Град Скопје посочуваат дека воведувањето униформи ќе придонесе за воспоставување еднаков и достоинствен кодекс на облекување, практика што веќе се применува во голем број современи образовни системи.
Според најавите, преку оваа и други мерки се работи на создавање училишна средина во која секое дете ќе се чувствува прифатено, почитувано и еднакво, без разлика на економскиот статус на неговото семејство.
