Долгочекуваното разладување стигна. Утрово многу градови се разбудија со дожд а за времето денес метеролозите го велат следново:
Променливо облачно и посвежо, претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно, во раните утрински и претпладневни часови со повремен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 35°C
Утре Среда
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 26°C до 35°C
Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 31.07.2025
Минимална температура: 11°C до 21°C
Максимална температура: 24°C до 33°C
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 01.08.2025
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 26°C до 34°C
Сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
