Возачи бидете внимателни! Намалена видливоста поради магла во овој дел од Македонија
Актуелно

Возачи бидете внимателни! Намалена видливоста поради магла во овој дел од Македонија

12. 12. 2025.

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат информира дека кај Демир Капија е намалена видливоста до 50 метри поради магла.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.

На возачите им се препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

Извор: skopjeinfo.mk