Пушењето цигари да биде дозволено само во приватни клубови, во кои ќе се плаќа чланарина - нов амандман на Законот за пушење
Актуелно

Пушењето цигари да биде дозволено само во приватни клубови, во кои ќе се плаќа чланарина - нов амандман на Законот за пушење

11. 07. 2026.

Пушењето цигари да биде дозволено само во приватни клубови, каде што пристап имаат исклучиво регистрирани членови кои плаќаат членарина – ова е предлогот содржан во поднесениот амандман на Законот за заштита од пушењето, кој е во собраниска процедура.

Според дефиницијата во амандманот, приватен клуб е „правно лице регистрирано согласно закон, кое користи затворен простор со ограничен пристап, наменет исклучиво за регистрирани членови кои доброволно членуваат и плаќаат членарина и кој не е достапен за пошироката јавност“.

Експертската група која го подготвувала законот не го поддржува овој амандман. Според нив, дозволувањето пушење во приватни клубови нема да придонесе за намалување на пушењето и нема да има доволен ефект врз превенцијата, особено кај младите.

Од друга страна пак, министерот за здравство во заминување, Азир Алиу, очекува законот да биде усвоен во следните две недели и потоа да стапи во сила.

Извор: skopjeinfo.mk