Денеска е Велика сабота - денот меѓу смртта и воскресението
Актуелно

Денеска е Велика сабота - денот меѓу смртта и воскресението

11. 04. 2026.

Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.

Велика сабота е денот пред Велигден, и претставува последниот ден од Страсната седмица во православната традиција.  

Велика сабота го симболизира денот кога Христос е во гробот тишина, тага, но и надеж за воскресението, премин од страдање кон радост. Велика Сабота е определена како ден за чување на гробот. Денеска верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштеницата, на која е претставено телото Господово при погребението и положено во гробот. 

Верниците одат во црква навечер, се пали свеќа и се чека полноќната литургија. Се носат велигденски јајца. Се подготвува празничната трпеза.

На полноќ, со објавата „Христос воскресе“, започнува прославата на Велигден – најголемиот христијански празник.

Велигден се слави три дена! 

Извор: skopjeinfo.mk