300 невработени од ранливи категории ќе добиваат по 28.000 денари
Актуелно

300 невработени од ранливи категории ќе добиваат по 28.000 денари

26. 07. 2025.

Треба да се пријават во своите локални Агенции за вработување за да извршуваат општествено корисни работи

300 невработени лица од ранливите категории ќе можат да аплицираат за општинска корисна работа. Јавниот повик е отворен до 8 август, а работата ќе биде платена по 28.000 денари месечно во период од 18 месеци, со вклучено осигурување и данок.

Новиот јавен повик е до општините и е поврзан со мерката 7 – Економија на грижа, подмерка oпштинско-корисна работа, со која се предвидува ангажирање на 300 невработени лица за обезбедување на социјални и здравствени услуги на локално ниво

„Заклучно 8 август општините треба да доставаат апликации до Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, со цел работно да ангажираат невработени лица кои поседуваат соодветен сертификат за давател на соодветната услуга.

Невработените лица ќе бидат работно ангажирани со 40 часови неделно, во период од 18 месеци, каде 6 месеци ќе бидат финансирани од АВРМ, додека 12 месеци од општината, а за нивната работа ќе добијат надомест во висина од 28.000 денари месечно со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест“, потенцира во објавата Ристески.

Повеќе информации на интернет страната на Агенцијата за вработување (https://av.gov.mk) или во некој од локалните канцеларии на Агенцијата.

ФОРМУЛАР ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ