„Безбеден град“ за шест и пол месеци регистрирал над 310.000 прекршоци, најмногу поради брзо возење
Актуелно

„Безбеден град“ за шест и пол месеци регистрирал над 310.000 прекршоци, најмногу поради брзо возење

22. 08. 2026.

Системот „Безбеден град“ за нешто повеќе од шест месеци евидентирал вкупно 310.865 сообраќајни прекршоци, покажуваат најновите податоци на Министерството за внатрешни работи.

Во периодот од 2 февруари до 20 август 2026 година, убедливо најголем дел од регистрираните прекршоци се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Поради брзо возење биле евидентирани дури 301.835 прекршоци.

Од МВР информираат и за бројот на прекршоци сторени со возила со странски регистарски таблички. Од почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“ до 20 август биле регистрирани вкупно 180.378 прекршоци направени од возила со странски ознаки.

Само во периодот од 19 до 20 август 2026 година, системот евидентирал 5.514 прекршоци сторени од возила со странски регистарски таблички.

Од Министерството повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, со цел заеднички да се придонесе за поголема безбедност на патиштата.