Плата до 120.000 денари: Текстил Солушн вработува на 4 позиции во Скопје
Издвоени огласи

Плата до 120.000 денари: Текстил Солушн вработува на 4 позиции во Скопје

23. 09. 2026.

4 слободни позиции

Текстил Солушн ДООЕЛ го проширува својот тим и отвора четири работни позиции во Скопје, со можности за кандидати со различно професионално искуство во текстилната индустрија. Меѓу актуелните позиции е и Шеф на производствен погон, за која компанијата нуди плата од 80.000 до 120.000 денари, додека за позицијата Бригадир почетната месечна плата изнесува 50.000 денари.

Зад Текстил Солушн стои долгогодишно искуство во текстилната индустрија и семејна бизнис-приказна која се развива повеќе од три децении.

Компанијата ја продолжува традицијата и искуството во текстилното производство со фокус на изработка на висококвалитетна заштитна облека и примена на современи технологии. Производството е лоцирано во Скопје, а Текстил Солушн соработува со клиенти од повеќе европски пазари.

Посебен сегмент од работењето е производството на машка и женска заштитна и спортска надворешна облека, како и примената на Seam Sealing технологија, која овозможува дополнителна заштита на облеката од надворешни влијанија.

Во моментов компанијата го проширува својот тим и бара нови вработени на четири позиции:

Шеф на производствен погон – плата од 80.000 до 120.000 денари

За кандидатите со искуство во организација и координација на работници, Текстил Солушн има отворена позиција за Шеф на производствен погон.

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за организирање, координирање и следење на работата во производствениот погон, распределба на работните задачи, следење на производниот план и роковите, како и контрола на квалитетот, ефикасноста и продуктивноста.

За позицијата е потребно претходно работно искуство, добри организациски и комуникациски способности, одговорност и способност за донесување одлуки и решавање проблеми.

Компанијата нуди плата од 80.000 до 120.000 денари и работа во една смена од 07:00 до 15:00 часот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ЗА ПОЗИЦИЈАТА


Бригадир – почетна плата од 50.000 денари

Отворена е и позиција за Бригадир во производство, наменета за кандидати со претходно работно искуство во областа и способност за организација и распределба на работните задачи.

Од кандидатот се очекува да се грижи за квалитетно и навремено реализирање на работните налози, ефикасно организирање на работното време и спроведување на работниот процес во зададените рокови.

Почетната месечна плата изнесува 50.000 денари, а работното време е во една смена, од 07:00 до 15:00 часот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ЗА ПОЗИЦИЈАТА


Контролор

Текстил Солушн бара и Контролор во производство, чија главна задача ќе биде проверка на готовите текстилни артикли и нивниот квалитет.

Работата опфаќа споредување на готовите производи со шаблони и мостри, утврдување евентуални недостатоци и отстапувања, водење евиденција и подготовка на соодветна документација.

Потребно е познавање на процесот на шиење и изработка на текстилни артикли, шаблони и мостри, како и прецизност и внимателност при работата.

Се работи во една смена од 07:00 до 15:00 часот, во стабилна и професионална работна средина, со можност за професионален развој.

АПЛИЦИРАЈТЕ ЗА ПОЗИЦИЈАТА


Работник во кројница – текстилна индустрија

Поради зголемениот обем на работа, компанијата вработува и Работник во кројница.

Позицијата опфаќа подготовка, кроење и обработка на текстилни материјали, работа со соодветна опрема и извршување оперативни и помошни задачи во кројницата.

Од кандидатите се очекува практично познавање на процесот на работа во кројница, како и одговорност, прецизност и способност за самостојна и тимска работа.

И за оваа позиција работното време е во една смена, од 07:00 до 15:00 часот, а компанијата нуди редовно и стабилно вработување и коректни услови за работа.

АПЛИЦИРАЈТЕ ЗА ПОЗИЦИЈАТА


Четири можности за следниот чекор во кариерата

Без разлика дали имате искуство во производство, кројница, контрола на квалитет или во организација и раководење со производствен процес, актуелните огласи на Текстил Солушн отвораат можност за различни профили на кандидати.

Посебна предност е работата во една смена од 07:00 до 15:00 часот, додека за раководните позиции компанијата нуди и јасно дефинирани месечни примања – почетна плата од 50.000 денари за Бригадир и од 80.000 до 120.000 денари за Шеф на производствен погон.

Погледнете ги отворените позиции, одберете ја онаа што најмногу одговара на вашето искуство и направете го следниот професионален чекор со Текстил Солушн.