Не ја изедовте храната? Во овој ресторан ќе платите дополнително за остатоците
Актуелно

Не ја изедовте храната? Во овој ресторан ќе платите дополнително за остатоците

04. 09. 2026.

Ресторан во германскиот град Дортмунд воведе необично правило – гостите кои ќе остават храна во чинијата може да добијат дополнителна наплата.

Правилото важи во ресторанот „Lahuhu“, каде што се наплаќаат 3 евра за секои 100 грама оставена храна. Гостите се информирани за ова уште пред да нарачаат, преку јасно истакнати известувања во ресторанот.

Мерката е насочена кон намалување на фрлањето храна, особено кај рестораните со концептот „јади колку што можеш“. Според објаснувањето, гостите често земаат повеќе храна отколку што можат да изедат, по што остатоците завршуваат во отпад.

Според податоците наведени во текстот, во Германија годишно се фрлаат околу 10,8 милиони тони храна, а угостителскиот сектор учествува со околу 2 милиони тони.

Синдикатот за работници во прехранбениот и угостителскиот сектор во Дортмунд ја поддржува идејата, но смета дека средствата од казните не треба да останат само кај сопствениците на рестораните. Дел од нив, според нивниот предлог, би можел да се насочи кон вработените или во хуманитарни цели.

Од ресторанот, пак, порачуваат дека целта не е да ги казнуваат гостите, туку да ги поттикнат да размислат колку храна ставаат во чинијата и да се намали непотребното фрлање.