Локацијата веќе е оградена, а според известувањето на инвеститорот, градежните работи официјално започнале на 4 јули.
Според важечкиот Детален урбанистички план „Буњаковец 1“, на парцелата е предвидена изградба на станбена зграда со приземје, четири ката и поткровје (П+4+ПК). Од Општина Центар засега нема информации за деталите од издадената градежна дозвола.
