Најголем дел од сумата отпаѓа на храна и пијалаци, за кои се потребни околу 25.000 денари. За образование се издвојуваат околу 7.000 денари, додека за домување, вода, електрична енергија и греење се потребни 6.379 денари.
Доколку на овие основни трошоци се додаде и кирија за стан од 60 квадратни метри, вкупните месечни трошоци достигнуваат околу 85.000 денари. Тоа значи дека само киријата ја зголемува потребната месечна сума за околу 15.000 денари.
Од ССМ посочуваат дека за покривање на основните животни потреби се потребни примања кои го надминуваат износот на моменталната просечна плата во државата. Синдикатот се залага минималната плата да изнесува 600 евра.
На растот на трошоците реагираше и опозициската СДСМ, од каде што повикаа на зголемување на минималната плата. Од партијата тврдат дека синдикалната кошница за само еден месец е зголемена за речиси 1.000 денари.
