Скопски ресторан со европска титула за најдобра паста
Актуелно

Скопски ресторан со европска титула за најдобра паста

12. 06. 2025.

Скопскиот ресторан и траторија „Мато Наполетано“ го потврди својот статус на меѓународната гастрономска сцена, како единствен претставник од Македонија што се најде на престижната листа на најдобри пицерии во Европа и светот.

На 4 јуни во Мадрид, Шпанија, се одржа церемонијата на доделување на наградите на реномираниот гастрономски водич 50TopPizza, кој секоја година ги рангира најдобрите пицерии во светот.

На изданието за 2025 година, „Мато Наполетано“ го освои 17. место на европската листа – уште една потврда за неговиот врвен квалитет. Дополнително, ресторанoт доби и специјално признание – Best Pasta Proposal 2025, со што ја понесе титулата за најдобра паста во Европа. Овој успех е значаен чекор напред за тимот на „Мато Наполетано“ и уште една причина за национална гордост.

Извор: skopjeinfo.mk