Агенцијата за вработување објави необичен оглас: ФК Тетекс 1953 од Тетово бара фудбалер за новоотворено работно место, со полно работно време – од 9 до 16 часот, со препладневни тренинзи.
Огласот објавен на 9 декември 2025 од Агенцијата за вработување вели дека позицијата е новоотворена (значи некој или отишол во трансфер или во пензија), а работното време е строго прецизирано:ПРЕТПЛАДНЕ
Потребно искуство: 1 (не е прецизирано дали е една сезона, еден шут или еден постигнат гол).
Неделниот фонд изнесува 40 часа, а основната плата е 24.400 денари.
Клубот со долгогодишна традиција очигледно бара играч подготвен да работи „канцелариски“, ама на тревник.
Ако сте спремни да влезете во тимот – Тетекс чека нов фудбалски херој.
ЕВЕ ЛИНК ДО ОГЛАСОТ
