Потешко до работа во Германија од 2027 година: Се намалува бројот на работни дозволи
Актуелно

Потешко до работа во Германија од 2027 година: Се намалува бројот на работни дозволи

19. 11. 2026.

Германија планира да ја намали годишната квота за работници од Западен Балкан од сегашните 50.000 на 25.000, почнувајќи од 1 јануари 2027 година.

Мерката ќе ги опфати граѓаните на Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора, кои преку таканареченото „Правило за Западен Балкан“ можат да добијат работна виза и без формално признати стручни квалификации.

Германската влада го усвои предлогот на 4 ноември, но за неговото конечно стапување во сила потребна е согласност од Бундесратот, кој треба да го разгледа на 18 декември.

Според официјалните податоци, во 2025 година биле издадени 9.917 прелиминарни одобренија за вработување на македонски граѓани преку оваа програма.

И покрај планираното намалување, граѓаните од Западен Балкан и понатаму ќе можат да аплицираат за работа во Германија преку други категории работни визи, особено доколку имаат признати квалификации.