Во второто тримесечје се родени 3.684 деца, што претставува намалување од 3 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Во истиот период починале 4.689 лица, што е намалување од 0,6 отсто во однос на второто тримесечје од 2025 година. Од вкупниот број починати, 10 биле доенчиња.
Разликата меѓу бројот на родени и починати резултира со негативен природен прираст од -1.005, односно бројот на живородени деца е за толку помал од бројот на починати лица.
Податоците покажуваат и намалување на бројот на склучени бракови. Во второто тримесечје од годинава биле склучени 2.732 бракови, што е за 2,2 отсто помалку во споредба со истиот период во 2025 година.
Во истиот период биле регистрирани и 406 разводи.
